вечера (св. и несв.)

Наскоро се вечера. Сѐ е на масата беспрекорно чисто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога повторно се собравме наместо да тргнеме откривме дефект во колата требаше време за да се отстрани сестра ми рече гладни сте вечерајте не се оди на пат гладен не доаѓа предвид реков очај ме обзема од постојано јадење кога треба да патуваме преживаме кога треба да патуваме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Вечерта си легнав без да вечерам. Рано си легнав, иако не ми се спиеше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако ќе вечераа, тој вредно ги пишуваше своите задачи покрај топлиот шпорет додека на него се вареа белите алишта во големо тенџере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа, на третиот ден, кога вечераа, сиот мрачен, рече: Уште тоа треба да правиме, да чуваме српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разбира дека сватовчините нарачаа тава за вечера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лук вечеравме, а тој пусти лук ќе те занесе и не можеш да се разбудиш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тогаш се сетија дека не бев вечерал и дека најмалиот и најумниот син на царот Сонце и царицата Месечина живеел пред тисошти години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вечеравме кога кажав дека сакам да научам да сликам, и тогаш мама се изнасмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А вечераме што да нема поубаво. Кој знае и господ дали вечерал така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас ја пружив раката, иако знаев дека тоа јадење нема да ми се допадне, оти се сетив, баба еднаш ни намачка маст за вечера и ни раскажа дека, кога биле деца, најмногу сакале тоа да го јадат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мислиш господ ќе слезе да вечера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта, како што си вечерале дома, му текнало на Велка за штркот како одел по бразда и како го удрил дедо му со остенот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа лице уште ме демне преку рамо, преку трпеза, преку јадењето што го вечераме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе дојде татко ти и не ќе има што да вечера. Да оди да купи леб. Па тоа е страшно!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И една прекрасна вечер јас можев, по претставата, да вечерам со младата глумица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сус! - просаска татко и откако намуртено нѐ погледна сите, и уште понамуртено ѝ заповеда на мајка: - Донеси ја софрата да вечераме!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе